„ПА ОВА Е НЕВИДЕНА ЛАГА, ОД ЕПСКИ РАЗМЕРИ“: Чупеска за Стратешниот договор во Велика Британија
Не стивнуваат реакциите на Стратешкиот договор кој Македонија го потпиша со Велика Британија.
Овој пат се огласи Ана Чупеска.
„Што да се каже освен дека ова е дрзок обид за злоупотреба на Собранието со намера да по пат на авторитарен процедурализам се унакажи елементарна правно веродостојна позиција - имено : да се нарекува Договор, па уште Стратешки, па згора на тоа да се пласира како меѓународен !
Па ова е невидена лага, од епски размери.
Се со цел да во Собранието се легализира ништовен документ, кој се вика Аранжман ( а не договор), и кој дефакто има сила на меморандум. Односно нема таква сила каква што они би сакале да ја има.
Но, токму затоа, Собранието, тука требало / замислиле они, да им послужи како платформа за легитимирање и легализација на една крајно компромитирана документација сосе сите пропратни дрндупки.
Срамота и греота“, напиша таа.

Слично
