Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПА НЕЛИ ТИ ПАРИ ОД ПАРТИЈА НЕ ЗИМАШЕ, ОД КАЈ СЕГА ВАКВИ РАБОЌЕ?“: Апасиев со ново провокативно прашање кон премиерот

„ПА НЕЛИ ТИ ПАРИ ОД ПАРТИЈА НЕ ЗИМАШЕ, ОД КАЈ СЕГА ВАКВИ РАБОЌЕ?“: Апасиев со ново провокативно прашање кон премиерот

Препукувањата меѓу Власта и опозицијата се заострува. По бројните објави на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за наводни испумпувања на пари од опозициската Левица за истакнати членови на партијата, се огласи лидерот на Левица повторно за скапите рачни часовници на премиерот Христијан Мицкоски. 

- А бе ибрик, вистина ли е ова? Па нели ти ПАРИ од партија не зимаше, од кај сега вакви рабоќе? - пишува Апасиев, пренесувајќи објава на „Трета опција“ на социјалните мрежи со фотографии од трансфери на средства на име на премиерот. 



Изминатиов период препукувањата меѓу владејачката партија и опозицијата се заострија, особено по бројните критики од Левица за користењето на средства за патни трошоци и престој во Скопје за пратеници од внатрешноста кои имаат станови во главниот град, но сепак користат и патни трошоци или трошоци за сместување. 

По нивните критики, и барањето да се смени законот, владејачката ВМРО објави за трансфери на пари од партијата Левица кон нејзините истакнати членови, особено кон Мојсоска, за што таа пак возврати дека е тоа доказ за нелегално следење на опозицијата. 

Слично

Поврзани вести