Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПА КОНЕЧНО, КАКВИ СЕ ПРОГНОЗИТЕ? Еве што велат метеоролозите

ПА КОНЕЧНО, КАКВИ СЕ ПРОГНОЗИТЕ? Еве што велат метеоролозите

Конечната временска предпразнична прогноза, на метеорологот Славчо Попоски, за жал не е позитивна.

Како што информираше тој, под влијание на Фронтален систем од запад, во петок, како и за време на најголемиот Христијански празник, Воскресение Христово – Велигден , времето во Македонија ќе биде доста нестабилно, на повеќе места со попладневен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Повремени врнежи ќе има и во претпладневните часови.

Поради повремениот пад на температурите, ќе се создаваат услови за повремени врнежи од СНЕГ  на високите планини.

Можна е појава на локално НЕВРЕМЕ, проследено со силен ветер, електрични празнења и локална појава на град,.

Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 6 и 17 степени во најтоплите централни и југоисточни предели.

И во Скопскиот регион ќе има повремени врнежи од дожд и истите повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 16 и 20 степени само утре, а потоа температурата повторно ќе биде пониска.

Барем отсега гледано, нема на видик долготрајна стабилизација на времето и високи пролетни температури, што значи дека продолжува доста променливото време, со почести врнежи – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слично

Поврзани вести