Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ОЖЕНИ СЕ И ШТЕДИ“: бура од реакции за новонајавениот данок за немажени и неженети - 'УШТЕ ЛИ НЕ НАУЧИВТЕ'

„ОЖЕНИ СЕ И ШТЕДИ“: бура од реакции за новонајавениот данок за немажени и неженети - 'УШТЕ ЛИ НЕ НАУЧИВТЕ'

Не стивнуваат реакциите меѓу граѓаните по објавата на премиерот Христијан Мицкоски дека се размислува за воведување на Данок на немажени и неженети. 

Особено активни и „проникливи“ се бројните коментари на социјалните мрежи каде многумина го критикуваат најавениот потег, иако има и такви кои посочуваат дека на некој начин слични даноци се применуваат и во други земји. 

Дел од европските земји применуваат фискални стимулации за брачни парови или за семејства, што може да се смета за индиректна форма на таков данок. Во некои случаи, венчаните парови плаќаат помалку данок отколку поединци со иста вкупна заработка, и тоа се применува во Франција, Германија и Јапонија.

Во Сингапур има големи бенефиции за брачни парови, но нема казна за неженетите. 

- Тие што те советуваат вака да ги пратиш да идат овци да пасат, а и тие што се исмеваат на жени без деца. Немање деца не е секогаш избор, каде живеете вие? Ако е празна касата така кажете, а не се мешајте у личен простор - напиша Ина Многуфина. 




Професорката Мирјана Најчевска беше навистина креативна:


Имаше и такви кои сметаат дека ова е метод за пренасочување на фокусот на граѓаните на небитни теми додека во позадина се одигурваат многу значајни политички случувања на штата на наѓата земја.



Критиките не запреа тука, туку напротив, многумина „го одврзаа јазикот“. 

- Не размислуваат за ДАНОК на прв втор трет празен стан (140.000 празни станови според последниот попис), не размислуваат за кого и како се градат тие силни станови, не размислуваат што ФК Брегалница ја купи Фенербахче, а ФК Тиквеш исто турчин, не размислуваат што секоја петта новоотворена фирма е турска (немам ништо против турците), не размислуваат што ја продадоа цела Македонија со се име и знаме, ама они денес размислауваат за данок на немажени и неженети - пишува во коментарите. 

Дел од граѓаните пак укажаа на бројните недостатоци на кои треба да се посвети внимани пред да се присилува народот на бракови или да му се наметнат дополнителни даноци. 


Но и такви кој пронајдоа нов „бизнис модел“ во најавата на премиерот.


Твитерџиите беа уште покреативни во своите ставови, иако имаше и такви кои посочија на даноците низ Европа, каде самците плаќаат повеќе.


Еве дел од реакциите споделени на поранешниот „Твитер“, денеск „Икс“:



Слично

Поврзани вести