Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ОВОЈ СРАМ НЕ СЕ ПЕРЕ“: Арсовска се заблагодари на Синдикатите на ЈСП, ама ги обвини советниците на ВМРО-ДПМНЕ

„ОВОЈ СРАМ НЕ СЕ ПЕРЕ“: Арсовска се заблагодари на Синдикатите на ЈСП, ама ги обвини советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вчера попладне на фејсбук објави дека им се заблагодарува на сите што учествуваа во носењето правилна одлука, а ги обвини совеетниците на ВМРО-ДПМНЕ дека се осудиле да ги остават граѓаните без автобуски превоз, со неизгласувањето на одлуката за платите на вработените. 

„Благодарност до оние советници кои денес покажаа одговорност, совесност и храброст во носењето на одлуките.

За жал, тоа не беа советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои по диктат на Мицкоски оставија над 1.000 семејства без плата, и илјадници скопјани без јавен превоз - овој срам не се пере.

И покрај тоа што со нив се изживуваа советниците на ВМРО-ДПМНЕ, сепак морам да изразам благодарност до Синдикатите во ЈСП кои утрово не ги оставија без превоз учениците и лицата на кои највеќе им треба превоз.

Правда мора да има!„  напиша таа.


Слично

Поврзани вести