Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ОВОЈ ПРАЗНИК ИМА ПОСЕБНА ЛИЧНА ТЕЖИНА“: скопскиот градоначалник емотивно за Водици, еве што споделија неговите колеги (ФОТО)

„ОВОЈ ПРАЗНИК ИМА ПОСЕБНА ЛИЧНА ТЕЖИНА“: скопскиот градоначалник емотивно за Водици, еве што споделија неговите колеги (ФОТО)

Скопските градоначалници и домашните политичари голем дел денеска присуствуваа на свечените церемонии за осветувањето на водите низ Македонија, и споделија дел од атмосферата. 

Меѓу нив, секако со посебна објава се огласи градскиот татко на Скопјани, Орце Ѓорѓиевски кој воедно сподели дека овој празник е посебен за него, бидејќи празнува и именден. 

- Денешниот ден е длабоко значаен и величествен.

Ден кога го славиме Богојавление, светото крштевање на Господ Исус Христос, една од најсветите тајни на Христијанството, симбол на духовно раѓање, вера и прочистување на човековата душа.

Овој празник за мене има и посебна лична тежина, бидејќи денес го одбележувам и мојот именден, што го прави чувството уште посилно и поблагодарно - напиша на Фејсбук, водено честитајќи му на Дарко Митровиќ кој го фати крстот во реката Вардар. 



На темата со посебна посвета се огласија и другите градоначалници низ град Скопје. 

Меѓу нив Горан Герасимовски, Сотир Лукровски, Дарко Костовски... 







Слично

Поврзани вести