Економија, финансии, бизнис

Контакт

Овој патен правец ќе биде затворен за сообраќај до 17 часот

Овој патен правец ќе биде затворен за сообраќај до 17 часот

Ако денеска патувате во земјава, делницата од Баба до Царина преку Галичица ќе биде затворена за сообраќај до 17 часот. 

Како што соопшти ЈП Македонија пат, по 17.00 часот патниот правец ќе биде отворен за сообраќај и на оваа делница, при што ќе биде обезбеден со лица од страна на изведувачот на работите и соодветна сообраќајна сигнализација.

Регионалниот патен правец кој води преку Националниот парк Галичица ќе биде затворен за секаков сообраќај секој ден на делницата од Баба до Царина – (преспанска страна) од 08.00 до 17.00 часот, поради изведување градежни работи на пат. 

Ако патувате надвор од земјава, на Табановце и Богородица има гужви. 

Слично

Поврзани вести