„ОВОЈ БЕСКРУПУЛОЗЕН МИНИСТЕР, СО ОБРАЗ ЃОН НЕМА НИЕТ ДА ЈА СФАТИ СУШТИНАТА НА ОСТАВКАТА ОД МОРАЛНИ ПРИЧИНИ“: Се огласи Апасиев
Пристигна реакција на лидерот на левица, Димитар Апасиев на статусот на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Досега, при секоја голема трегедија, актуелните министри си поднесуваа ОСТАВКИ, кои потоа премиерите (Груевски и Заев) - не им ги прифаќаа!? Во Србија дури падна и Владата за трагедијата со 15 загинати во Нови Сад!
Но, овој бескрупулозен министер, со образ ѓон, кој е познат како "адвокат на урбаната мафија" - нема ниет да ја сфати суштината на оставката од морални причини, иако МВР и те како е криво за она што се случи во Кочани, каде што загинаа 60-на луѓе, а над 200 се повредени! Овој послушник на премиерот, има само една задача - да ја заташка истрагата со цел ниеден актуелен функционер-вмроид да не одговара! Затоа, ние му поднесовме ИНТЕРПЕЛАЦИЈА и со него ќе се соочиме машки на собраниска седница“, напиша тој на фејсбук.
Слично
