Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Овие техники на политички закани и прогон нема да успеат“: ДУИ со ракција „не можете никого да исплашите“

„Овие техники на политички закани и прогон нема да успеат“: ДУИ со ракција „не можете никого да исплашите“

Остра реакција денеска пристигна од опозициската ДУИ околу изјавата на премиерот Христијан Мицкости. 

- Премиерот на нелегитимната влада денес повторно јавно се закани на политичката активност на политичките партии, злоупотребувајќи ги државните институции за да ги задуши политичките и етничките гласови на незадоволство, со цел ширење на страв преку инструментите на државата.

Овие техники на политички закани и прогон, користени во најмрачните периоди на комунизмот, нема да успеат.

Албанците низ вековите израснаа под вакви закани од полицијата и државниот апара , чија цел беше потиснување на политичкиот активизам.

Но, историјата докажала дека овие напори никогаш не успеале да ја спречат нашата волја за правда и еднаквост - нагласуваат од партијата.

Додаваат дека сите аргументи укажуваат дека „нашите загрижености за јазикот се реални и базирани на факти. Затоа и постои широка мобилизација, надвор од партиските линии, за да се спречат обидите кои ја загрозуваат иднината на државата“.

- Упатуваме апел до Премиерот да ги прекине заканите и неговата разединувачка и провокативна реторика.

Не можете да исплашите никого, а најмалку народ кој отсекогаш бил подготвен да се жртвува за правда и еднаквост - посочува во соопштението испратено од ДУИ. 

Слично

Поврзани вести