Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОВИЕ СИ ПУКАА СЕБЕ СИ ВО НОГА, А НАМ ВО НОВЧАНИК И ВО ГЛАВА: Ванковска за обврската да се менуваат документите, не може да закаже термин за смена на возачка

ОВИЕ СИ ПУКАА СЕБЕ СИ ВО НОГА, А НАМ ВО НОВЧАНИК И ВО ГЛАВА: Ванковска за обврската да се менуваат документите, не може да закаже термин за смена на возачка

Професорката Билјана Ванковска, на својот Фејсбук профил го искритикува системот за закажување за промена на личните документи.
„Цело утро изгубив - ама буквално цело претпладне - на ѕвонење на бројот на МВР за закажување термин (истечена возачка дозвола) и на нивниот сајт за истата намена. На секои 10 минути до овој момент никој не одговара на телефонот (сите се зафатени), а сајтот не дава слободен термин до 28 јули (до каде што стасав). Не знам како не најдоа еден просечен информатичар кој ќе им направеше интерактивна табела со слободни и зафатени термини (авио-превозниците тоа го имаат кога бираш седиште во авион)! Овде те тера „пешки“ да одиш од термин до термин, од ден на ден, за да добиеш ист одговор: нема слободен термин!

Овие си пукаа себе си во нога, а нам во новчаник и во глава со хаосот кој сами го создаваат со промената на документите. Сега ќе биде хаос со нашите од странство, а во меѓувреме ние овде нем да можеме ни лична карта или возачка да смениме во редовен термин.

За она на С и да не зборувам...“, напиша Ванковска.





Слично

Поврзани вести