Овие професии лошо влијаат на здравјето…
Повеќе од четвртина луѓе вработени во трговија тврдат дека нивната работа е штетна за здравјето, покажуваат податоците од истражување на хардвардската школа за јавно здравје.
Во истражувањето учествувале 1600 Американци кои одговарале на прашања на тема работа, здравје, стрес и нивната поврзаност.
Од нив 43% одговориле дека работата негативно влијае на стресот, а 28% кажале дека лошо влијае на исхраната.
Работата негативно влијае на спиењето тврдат 27% од анкетираните, а на телесна тежина 22%.
Разлика има во професиите, а дури 26% од вработените во големи трговски ланци кажале дека работата негативно влијае на здравјето.
Дека градежништвото лошо влијае на здравјето одговориле 23%, а за работа во фабрика 21% кажале дека негативно се одразува. Ист одговор дале и 19% од вработените во здравството.
Во САД не е регулирано правото на годишен одмор, ниту е прецизирано колку ќе трае, па затоа работодавците нудат одреден број на слободни денови. Се смета и дека овој фактор влијае на здравјето.
