Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oвие книжни банкноти од 15 мај ќе треба да ги смените

Oвие книжни банкноти од 15 мај ќе треба да ги смените

Од 10 мај годинава ќе бидат пуштени во оптек новите полимерни банкноти во апоени од 10  и 50 денари.

При тоа ќе се изврши и повлекување од оптек на книжните пари во апоени од 10 и 50 денари коишто се во оптек од 8 септември 1996 година, а се употребуваат и во моментов. 

Согласно со оваа одлука, на денот кога ќе бидат пуштени во оптек книжните пари во апоени од 10 и 50 денари, изработени од полимер, книжните пари со истата апоенска вредност, коишто се во оптек од септември 1996 година престануваат да бидат законско средство за плаќање. 

Нив, правните и физичките лица ќе можат бесплатно да ги заменат со други книжни и ковани пари со еквивалентен износ. 

Замената на книжните пари, од 15 мај годинава до 15 мај следната година, ќе ја вршат деловните банки основани во Република Македонија, а по овој период, замената ќе се врши во Народната банка.

Слично

Поврзани вести