Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ОВИЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА КРИМИНАЛОТ ОД ВЛАСТА“: Николовски најави 'рачистување во судството и обвинителството и сите кои ја злупотребиле власта'

„ОВИЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА КРИМИНАЛОТ ОД ВЛАСТА“: Николовски најави 'рачистување во судството и обвинителството и сите кои ја злупотребиле власта'

Нема да има предвремени парламентарни избори, туку ќе се фокусираме на рачистување во судството и обвинителството. Одговорност ќе се бара од сите кои ја злоупотребиле власта од т.н. црна коалиција на СДСМ, ДУИ и Левица. 

Ова денеска го кажа вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на пресконференција при посета на Гостивар.

- Предвремени избори ќе нема, имаме стабилна коалициска влада, која функционира одлично - изјави денеска Николоски, при посетата на Гостивар во рамки на кампањата за локалните избори. 

Според Николоски, мандатот на владата ќе биде до 2028 година и тогаш ќе бидат и следните парламентарни избори. 

- Разликата помеѓу нас и црната коалиција на СДСМ, ДУИ и Левица е што ние зборуваме за проекти, не можеме да се доискажеме колку проекти имаме, а од другата страна има празни зборови и манипулација и постојана жед и желба за власт. 

Минатата година отидоа во опозиција, само една година и три месеци се поминати откако се во опзиција и не можат да додржат да останат во опозиција и цело време - предвремени избори, предвремени избори. 

Кога некој толку многу бара предвремени избори тоа значи дека него го интерасираат само привилегиите од власта, а овие ги интересира и криминалот од власта - рече Николоски.   

Потоа дополни дека „нема да се занимаваме со предвремени избори, туку со расчистување во судството и обвинителството и сите кои ја злоупотребија власта од т.н црна коалиција на СДСМ, ДУИ и Левица ќе одговараат по завршување на овие избори“. 

- Тоа е фокус број еден по завршување на изборите - нагласи Николоски.

Слично

Поврзани вести