ОВДЕ ДАЛ ЛАЖЕН ИСКАЗ ЗА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ: Французин кој бил пријавен за исчезнат е пронајден во Македонија
Во Македонија е најден Французин кој бил пријавен за исчезнат.
Полицијата и припадниците на ФРОНТЕКС пронајдоа 21-годишен Французин кој бил пријавен во својата земја за исчезнат. Момчето е затекнато при илегален влез на територија на земјава и дало лажен исказ за личните податоци. Сепак, по дополнителни проверки, како што информираат од полицијата, добиена е потврда од француските власти дека се работи за С.И., француски државјанин, кој во својата земја се води како исчезнат од 11 март. Лицето ќе биде предадено на семејството.
foto freepik.com/ollieshirra
Слично
