Економија, финансии, бизнис

Контакт

Овчарски кучиња нападнале туристи од Белгија, се спасувале на телефонски столб

Овчарски кучиња нападнале туристи од Белгија, се спасувале на телефонски столб

Полициски тим спаси планинари- белгиски државјани во општина Центар Жупа, откако туристите во близина на Дебар биле нападнати од овчарски кучиња, по што тие се качиле на столб за мобилна телефонија од каде побарале помош.

- На 22.09.2025 во 19:13 часот во ОВР Дебар е примен повик за помош од страна на белгиски државјани кои планинареле во планинскиот појас над Дебар, но биле нападнати од кучиња. 
Констатирано е дека тие се наоѓаат во близина на селото Новак, општина Центар Жупа, по што полициски тим со теренско возило веднаш се упатил кон селото, каде заедно со ловочуварот од селото Новак ги пронашле тројцата планинари, белгиските државјани Л.М.(42), М.Л.К.(62) и Ј.Ј.(41), кои биле безбедно пренесени до нивното моторно возило. 
Тие појасниле дека откако поставиле камп шатор, биле нападнати од овчарски кучиња, а бегајќи се качиле на столб за мобилна телефонија. Лицата биле во добра здравствена состојба, без повреди, објави МВР.


Слично

Поврзани вести