Ивановска: За два месеци ќе има резултати за случаите со вработувањата
Билјана Ивановска, претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, во разговор за МИА рече дека 18-те случаи за вработувања на блиски на јавни функционери по допрен глас ќе имаат своја завршница за два месеци.
– Со оглед на сензитивноста на прашањата поврзани со вработувањата Комисијата веднаш отвори 18 случаи кои во наредниот период ќе бидат разгледани и согласно законскиот рок од најмногу два месеци, ќе испорача резултати, од кои јавноста ќе има можност да оцени дали сме работеле под притисок. Досега не сме имале притисоци но доколку се случат, на наша страна секогаш ќе бидат аргументите и фактите, бидејќи тоа е нашето оружје со кое ќе се бориме - изјави Ивановска одговарајќи на прашањето дали Антокорупциска се соочува со политички притисоци и влијанија на самиот старт на работењето.
Во меѓувреме пратениците Александар Кирацовски, Костадин Ко0стадинов, Горан Мисовски и Мира Стојчевска потврдија дека нивните блиски се повлекпе од своите работни места.