Oваа земја стана расадник на милионери
Бројот на милионери во една земја во светот на крајот на 2016 година скокнал 19,7% и сега изнесува 182.000.
Овој податок се наведува во истражувањето на „Ворлд велт рипорт“.
Русија по бројот на милионери е на 15-то место во светот. Први по бројот на милионери се земји како САД (4,8 милиони луѓе), Јапонија (2,9 милиона) и Германија (1,2 милион). На четврто место е Кина со 1,1 милион милионери. Овие четири држави имаат 61% од вкупниот број милионери на планетата.
Минатата година бројот на милионери во светот пораснал 7,5% во споредба со 2015 година и изнесувал 16,5 милиони луѓе.
Русите продолжуваат да се борат со економските реформи, а бројот на милионерите во земјата расте, пишуваше американскиот бизнис магазин Форбс уште во 2003 година. Уште тогаш беше наведено дека бројот на тајкуни расте и дека всушност тоа се нафтени магнати.
Руските бизнисмени се толку незадоволни од бизнис-климата во Русија, што не сакаат да го развиваат бизнисот во својата земја, пишуваа медиумите за богатите Руси пред 5 години.
Руските милионери изминативе години беа најбогати во Источна Европа.
