Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОВАА ВЛАДА ЌЕ ЈА УРНЕМЕ СО МАСОВНИ ДЕМОНСТРАЦИИ: Пратеникот Николовски ги повика граѓаните на улица

ОВАА ВЛАДА ЌЕ ЈА УРНЕМЕ СО МАСОВНИ ДЕМОНСТРАЦИИ: Пратеникот Николовски ги повика граѓаните на улица

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, денеска од собраниската говорница, веднаш по обраќањето на манадатарот Зоран Заев кој ја претстави владината програма, упати остри критики за работата на претходната влада, истовремено најавувајќи уривање на новата влада со масовни протести. Николовски од говорницата ги повика граѓаните да излезат на улица.

-Се гледаме во селата и во градовите. Најавувам масовни демонстрации кои ќе започнат уште оваа есен. Затоа граѓани, се гледаме во македонските градови и села, на демонстрациите со кои ќе ја урнеме оваа влада која ќе го има најкраткиот мандат, истакна пратеникот Николовски.


Слично

Поврзани вести