Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОВАА ШПАНСКА КОМПАНИЈА РЕГРУТИРА БОРЦИ ЗА УКРАИНА: Награда до 3.400 евра месечно

ОВАА ШПАНСКА КОМПАНИЈА РЕГРУТИРА БОРЦИ ЗА УКРАИНА: Награда до 3.400 евра месечно

Шпанска компанија која регрутира доброволци за борба во Украина тврди дека е во контакт со украинското Министерство за одбрана, од каде бараат доброволци кои ќе учествуваат во војната во Украина. За тоа, компанијата нуди надомест и до 3.400 евра.

Најтешкиот тест за идните шпански борци во Меѓународната легија на Украина е да ја задржат клучната позиција што ја освоија пред три дена. За да го направат ова, волонтерите поминуваат две ноќи и три дена без сон, бранејќи стратешка точка.

„Од целиот курс, ова е тест со највисока стапка на напуштање“, рече Франциско Галван, директор и главен тренер на GOA Tactical, единствената компанија во Шпанија посветена на обука на луѓе кои сакаат да се борат во Украина, пренесе Euronews .

Потоа следат други вежби, како што се трчање со воена опрема на рамениците, фаќање и „чистење“ на окупирани ровови и стрес тестови во непријателска средина. За 700 евра идните борци имаат пет дена обука за да доживеат што ќе се случува на бојното поле.

Договорот со украинското Министерство за одбрана, вреден до 3.400 евра доколку се приклучат на елитните единици .


Слично

Поврзани вести