Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!
Веќе е кажано дека масерите во странство можат да заработат и до 7.000 евра месечно. Сепак, масажата на плажа носи и до 15.000 евра по сезона, што на многумина може да им се исплати доколку не сакаат постојано да се занимаваат со оваа работа.
Кристина на својот TikTok профил сподели како изгледа работата на масер на плажа, како и колку работа е потребна за да се заработи цифрата од 15.000 евра на крајот на летната сезона.
- Масерите на плажа заработуваат над 15.000 евра по сезона. Масажите на плажа обично траат од 15 до 30 минути и се препорачува пократки масажи да се прават околу 10 пати на ден. Плус има и многу убав бакшиш на плажите, па без проблем доколку размислувате да одите за сезоната, можете да се пријавите. Да, тешко е, но заработката е одлична – заклучува таа.

По нејзината објава, многумина се заинтересираа за оваа работа, а доказ за тоа се коментарите на луѓето кои се пријавиле да ги научат техниките на оваа корисна професија.
foto: freepik
