Оваа професија ќе ви донесе 10.000 долари месечно…
Меѓу вработените во оваа бранша има програмери, но и математичари, психолози, електротехничари, биолози, геодети, лингвисти, финансиски стручњаци.
Ако сакате месечно на сметката да имате 10.000 долари, тогаш ова е професија за вас.
Истражување во САД покажа дека најпосакувано занимање е дата научник.
Годишните приходи од оваа работа се во просек 116.000 долари.
Бранко Ковач, основач на здружението „Data science Srbija" вели дека е тешко оваа професија да се опише.
„Со помош на податоци, математика, програмирање се одредува расположението на луѓето на социјалните мрежи, одобруваат кредити, планираат маркетиншки кампањи, работат генетски истражувања, конструираат интелигентни роботи“- вели Ковач.
Data Scienceе кога Фејсбук ќе ви ја препознае сликата или кога Amazon ќе ви препорача нова книга за купување, додава тој.
Побарувачката на кадар за во оваа бранша во САД е голема.
