Оваа недела уште две земји ќе го ратификуваат пристапот на Македонија во НАТО
Парламентите на Романија и Литванија се следните две земји кои ова недела ќе го ратификуваат пристапот на Македонија во НАТО по потпишаниот Протокол во седиштето на Алијансата во Брисел.
На гласањето ќе присуствуваат претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери, како и пратеникот Панчо Минов. Во романскиот парламент седницата е најавена за утре, а во литванскиот Сејм чинот е закажан за в четврток, за кога предвидено е и обраќање на Џафери пред литванските пратеници. Собранискиот спикер ќе има и билатерални средби со домаќините и со други државни претставници од Романија и Литванија.
Оретходно, членството на Македонија во НАТО го ратификуваа Грција, Словенија, Албанија, Бугарија, Хрватска и Црна Гора.
Слично
