Oваа недела продолжен викенд
Петок (8-ми декември) е неработен ден за сите граѓаните на Република Македонија поради чествувањето на празникот Св. Климент Охридски.
Граѓаните ги очекува продолжен викенд.
По продолжениот викенд, остануваат уште 2 неработни денови до крајот на 2017-та година, но нема да важат за сите граѓани.
21 декември е неработен ден за граѓаните од турската заедница кои го слават Денот на наставата на турски јазик.
Последниот неработен ден за 2017-та година е 25-декември за граѓаните од католичка вероисповед кои го празнуваат католичкиот Божиќ.
Слично
