„ОВАА ГЛУПЕРДА ЌЕ ГИ ВРШИ СЛОЖЕНИТЕ ЗАДАЧИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕ“: Најчевска распали по Гаши
Не бре глупердо ставена за претседател на Собранието, нема различни интерператции на Уставот, ни конфузија освен во твојата глава. Има неспоивост на функцијата пратеник со функцијата премиер.
Со овие зборови се огласи доцна синоќа професорката Мирјана Најчевска, по објаснувањето кое го даде новиот претседател на Собранието, Африм Гаши околу неговата заклетва во Собранието.
- Промената во власта е направена токму заради преседаните кои значат рушење на Уставот и законите (како во случајот на Никола Тодоров и Никола Поповски кои беа и пратеници и министери).
Тоа беа прекршувања на Уставот и на законите кои тогашната власт не ги санкционирала. Исто како што е прекршување на Уставот и законите ова што денес се случува - укажа Најчевска.
Воедно професорката потенцира дека „Власта се менува не за да се повторуваат истите прекршувања туку да не се прават исти прекршувања“.
- Оваа глуперда ќе ги врши сложените задачи на претседател на Собранието?
Ајде бре не ме зафркавајте - напиша Најчевска на Фејсбук.
Еве го нејзиното обраќање:
