Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОВАА ФОТОГРАФИЈА СЕ ШИРИ ПО СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ - „две глави има орелот, а едната е во Митровица“

ОВАА ФОТОГРАФИЈА СЕ ШИРИ ПО СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ - „две глави има орелот, а едната е во Митровица“

Чудна порака и фотографија се шири по социјалните мрежи.

Еден дел од таа порака гласи - „Две глави има орелот, а една е во Митровица“. 

Таков транспарент синоќа бил отворен на скалите на плоштадот Скендербег во Скопје како реакција на случувањата во Косово. Фотографијата од овој настан се шири по социјалните мрежи.

На транспарентот кој го држат десетина лица чии лица се замаглени пишува: „Долга река Ибaр. Крв од планина. Две глави има орелот, а една е во Митровица“.

Други двајца го држат знамето на Албанија, а други уште еден транспарент.

Засега нема никаква официјална информација во врска со овој настан кој го пренесоа неколку групи по социјалните мрежи и локални медиуми на албански јазик.

Фото: МКД.мк

Слично

Поврзани вести