ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ОВАА ДАМА Е ЕДНА ОД НАЈЗЛОБНИТЕ, НАЈБЕСНИТЕ БУГАРСКИ ХЕЈТЕРИ“: Џамбазки заборави да биде кавалер, брутално ја нападна Јовева на социјалните мрежи

„ОВАА ДАМА Е ЕДНА ОД НАЈЗЛОБНИТЕ, НАЈБЕСНИТЕ БУГАРСКИ ХЕЈТЕРИ“: Џамбазки заборави да биде кавалер, брутално ја нападна Јовева на социјалните мрежи

Ангел Џамбаски, бугарскиот националист познат по своите антимакедонски ставови, ја насочи својата националистичка реторика кон европратеничка од Словенија, Ирена Јовева, која има македонско потекло а која неодамна пред европратениците жестоко застана во одбрана на македонскиот идентитет и јазик.

Оваа дама е една од најзлобните, најбесните бугарски хејтери во Европскиот Парламент. Нејзиниот татко е Бугарин од Босилеград, за кого вели дека е „Бугарин роден во Србија“, а нејзината мајка е „Македонка“ родена во Скопјe.

Јовева постојано покажува и изразува бес и вистинска омраза кон Бугарија, го негира постоењето на македонските Бугари, ја негира бугарската историја и наследство во денешна РС Македонија.

Токму ова е резултат на бруталната асимилација и геноцид врз Бугарите во окупираните западни бугарски периферии и во Македонија од страна на српско-комунистичките сатрапи и предавничката политика на бугарските влади од 9 септември 1944 година до денес.

Без исклучоци и без изговори“, напиша Џамбаски.




ad
Слично

Поврзани вести