Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oваа болест не е наивна, порача владиката Петар

Oваа болест не е наивна, порача владиката Петар

Oваа болест не е наивна, порача владиката Петар кој одржа проповед по литургијата во црквата во Битола. Тој  ги нападна оние кои не веруваат во коронавирусот, потенцирајќи дека нивното однесување е најголемата причина за ширење на вирусот. 

„Болеста е присутна, умираат луѓе. Умираат дури патријарси, умираат владици, умираат свештеници, умираат ѓакони, умираат верници, умираат служители во црквите, сите умираат! Никого не поштедува оваа болест! Умираат лекари, врвни лекари умираат од оваа болест! Што значи сериозна е болеста. И јас морам да напомнам една работа, што е многу битна и сега гледав како се однесуваат некои што носат маски. Маската кога ја носите, кога ќе се приближувате, кон оној што треба, да нешто му кажете, тогаш мора да ја ставите, ако сте далеку од него 2 метри и не мора да ја ставите, оти сте заштитени со тоа што сте подалеку од него. А, гледам обратно луѓето прават“, порача владиката Петар. 

Во Преспанско-Пелагониската епархија од коронавирусот починале 255 луѓе до пред една недела. Во една недела починаа и двајца свештеници, еден на 78 години и најмладиот на 39-годишна возраст, објасни владиката. 

Maкедонија е земја со висока смртност од коронавирусот. 

Српскиот претседател Александар Вучиќ при посетата на Ниш, одговарајќи на критиките од стручњаците дека здравствениот систем може во секој момент да крахира, направи споредба на Србија и Македонија и рече дека вкупниот број на починати од Ковид-19 е поголем, а се работи за многу помала земја.

Слично

Поврзани вести