Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ОВА СТАНУВА САПУНСКА СЕРИЈА, КАКО ТОА КАБИНЕТОТ ЌЕ РЕАГИРА, А ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НЕ ЗНАЈАЛА?“: Гога - Радев 0:2, вели Ванковска

„ОВА СТАНУВА САПУНСКА СЕРИЈА, КАКО ТОА КАБИНЕТОТ ЌЕ РЕАГИРА, А ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НЕ ЗНАЈАЛА?“: Гога - Радев 0:2, вели Ванковска

Откако кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова, истакна дека ќе реагираат за неистакнатото македонско знаме при средбата на Давкова со бугарскиот претседател Румен Радев во Софија, се огласи професорката Билјана Ванковска.
„Ова станува сапунска серија! Како тоа кабинетот ќе реагира, а претседателката “не знајала”!?! Била ли таму? Зошто се сликала ако ѝ пречело што го нема македонското знаме??? Зошто тој ист кабинет кој сега се буни ги постави на социјалните мрежи сите фотографии придружени со некој сладуњав текст? Го прочитаа ли Радев што напиша? Зошто тој предложил фотографирање ако не ги споделил фотографиите? Или ова сликање е како она во вилата “Билјана” каде секој можеше да се овековечи?

Дали има пилот во авионот?

Гога - Радев 0:2!

Најдобронамерен совет: под итно да земе дипломат наместо новинар во кабинетот! Да земе часови по протокол, и да чита повеќе за меѓународните односи. Уставното право да го примени на “одложеното дејство” на Мицко. Една семејна магистерска теза за културната дипломатија дефинитивно не е доволна. Верувам дека сите овие гафови се должат на лошиот тим околу една жена која е учена и интелигентна. Летово можеше сето ова да го совлада наместо да пие кафиња покрај Охридско езеро“, напиша таа на социјалните мрежи.



Слично

Поврзани вести