Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Ова стана безобразно“ – Најавените цени на лежалките во Грција предизвикаа револт кај туристите во регионот

„Ова стана безобразно“ – Најавените цени на лежалките во Грција предизвикаа револт кај туристите во регионот

Голем број од нас веќе го планираат буџетот за престојниот одмор, а освен парите за превоз и смештај, многумина веќе планираат и колку пари ќе треба да издвојат за лежалки и пијалаци на плажа.

На најпознатите страници на социјалните мрежи, Nikana и Grcka Info сеобјавени информативни видеа за цените на лежалките на некои од најпознатите летувалишта каде најчесто одат Македонците и Србите.

А како што може да се види, секој од бич баровите има своја политика за тоа како ги наплаќа лежалките. Додека некои места лежалките се наплаќаат со минимална консумација, а на други места, неопходно е да се плати за лежалките и да се нарача пијалок или храна. Цените во мај и јуни се значително пониски, а во јули и август се очекува да „скокнат“ и до 60 евра по сет лежалки.

Така во Никити, во мај цените на лежалките се дел од консумацијата, а од следниот месец, со започнувањето на сезоната може да се очекуваат нови цени.

Во некои бич барови лежалките со консумација чинат по 10 евра по сет, а во некои се плаќа 20 евра за лежалки, додека пијалакот се наплаќа дополнително.

Во некои од поексклузивните бич барови во јуни, минималната консумација за сет лежалки, во прв ред ќе биде 30 евра, а за сите останати 20 евра. Но, од наредниот месец се очекува овие цени значително да се зголемат.

Па така, минимална консумација во јули и август за лежалки во прв ред ќе изнесува 60 евра, во втор ред 40 евра и во трет ред  30 евра.

Во Полихроно има бич барови што моментално наплаќаат 5 евра со обавезна консумација на еден пијалак, но и такви што наплаќаат 20 евра консумација.

Во Калитеа, сет од две лежалки и чадор е 10 евра со задолжителна консумација, додека има и други би барови каде што минималната консумација е 20 евра.

Ова со други зборови би значело дека за седум дена, две лица треба да издвојат повеќе од 100 евра за лежалки и консумација. Некои следбеници на социјалните мрежи коментираат дека нема да им пречи и ако цената на лежалките оди и до 100 евра, а други пак велат дека не е во ред тоа што од година во година цените во бич баровите вртоглаво растат.

„Ова стана чист безобразлук“ – стои во еден од коментарите.

РЖМ / Б. С. Б.

Фото: Freepik


Слично

Поврзани вести