Ова се улиците каде има прекини во водоснабдувањето
Oд ЈП„Водовод и канализација“ известуваат дека поради уличен дефект од ф-100 мм на ул.Речиште 57(Драчево) со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од следните улици: Јустинијан Први,Речиште и Сердарот. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:20 часот до санирање на дефектот.
Поради дислокација на водоводна мрежа ф-80мм на ул.Дичо Петров 5 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населбата 11 Октомври(бараки). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:30часот до санирање на дефектот.
Поради дислокација на водоводна мрежа ф-80мм на ул.Петар Драпшин 5 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населбата 11 Октомври(бараки).
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:30часот до санирање на дефектот.
