Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова се трите земји од каде ни доаѓаат најмногу туристи

Ова се трите земји од каде ни доаѓаат најмногу туристи

Расте бројот на странци кои ја посетуваат Македонија. 

Tурците, Србите, Холанѓаните се најбројни, но има и голем број Полјаци. Германци, Бугари, Грци кои како туристи доаѓаат во нашата земја. 

17.096 гости имало од Турција во август, а 8.098 биле од Србија, 7.371 од Полска, 4.217 од Грција, 7.411 Холанѓани, додека најмалку туристи имало од Луксембург 33, од Јужна Африка 48, а од Белорусија 38. Во август 3.959 Германци ја посетиле Македонија, 3.928 Бугари,  2.631 Италијанци. 

Бројот на туристите во август оваа година, во однос на август 2018 година, скокнал за 2.2 отсто, а бројот на ноќевањата е зголемен за 2.6 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2019 година бил 216.321, а бројот на ноќевањата изнесува 904.740.

Бројот на домашните туристи во август 2019 година, во однос на август минатата година, е зголемен за 0.1 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 4.7 отсто.

Во периодот јануари – август 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 2.1 отсто, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.3 отсто, а кај странските има зголемување за 2.7 отсто.

фото Википедија

Слично

Поврзани вести