ОВА СЕ ТРИТЕ КРАЛИЦИ НА КОСТОВСКИ: „Тигрици на паркет, дами во секојдневниот живот“
Поранешниот спонзор на Ѓорче Петров, познатиот бизнисмен и градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, се уште ги одржува контактите со некогашните ракометарки на истоимениот ракометен клуб.
Тој објави фотографија на која е фотографиран со Индира Кастратовиќ, Милева Велкова и Гордана Нацева.
„Јас со моите кралици во ресторан „Крошна". Тигрици на паркет, дами во секојдневниот живот“, напиша Костовски.
Трифун Костовски долги години беше главен спонзор на Кометал Ѓорче Петров, во периодот кога трите ракометарски со кои е фотографиран играа во клубот. Клубот двапати играше во финалето на Лигата на шампионите, а еднаш беше и европски првак.
Слично
