Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oва се топ три високо загадени градови во Македонија

Oва се топ три високо загадени градови во Македонија

Воздухот денеска е високо загаден во Скопје, Кочани и Кичево. 

Во населбата Лисиче, каде што состојбата е најчесто алармантна, мерењето покажува 111 микрограми штетни честички, а 50 се дозволени. Кај Ректорат пак се измерени 109 микрограми штетни честички.

Во Центар сега има 40 микрограми, Карпош 72, Куманово 34, Битола 29, Тетово 31. 

Ова го покажуваат податоците од мерните станици на Министерството за животна средина. 

Кавадарци и Дебар се ниско загадени, а многу ниско е загаден воздухот во Велес. 

Сепак денеска во топ 10 најзагадени градови во светот нема ниту еден македонски град. 

Слично

Поврзани вести