Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОВА СЕ ПРАВИЛАТА - Во Грција ќе одиме исто како и досега до 27 август

ОВА СЕ ПРАВИЛАТА - Во Грција ќе одиме исто како и досега до 27 август

Досегашните правила за влез во Грција, кои важат и за државјаните на земјава, а се однесуваат на документ поврзан со ковид-19 и пополнет PLF формулар, продолжени се до 27 август 2021 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на ковид-19″, што е веќе објавена во Службен весник на Грција, а утрово стапи во сила, Северна Македонија и понатаму е на листата трети земји за кои не важи забраната за влез во Грција, отворени се сите копнени гранични премини, а за патување кај јужниот сосед потребен е сертификат за вакцинација или негативен ПЦР/рапид тест или потврда за прележан вирус, заедно со пополнет PLF формулар.

Како и досега, сите посетители, „независно од државјанството и начинот на влез во земјата“ имаат четири опции во однос на документите што треба да ги приложат и се поврзани со ковид-19, а МИА детално ги пренесува сите предуслови за патување во Грција.

Првата опција е целосно да ја имаат завршено вакцинацијата 14 дена пред патувањето и да достават сертификат за вакцинација на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, издаден од јавна установа и да ги содржи податоците: име и презиме, како што се заведени во пасошот, вид на вакцина и бројот на дози, заедно со датуми кога се примени.

Втората можност е со негативен тест: или ПЦР направен во последните 72 часа пред патувањето или антигенски (брз) тест направен 48 часа претходно. 

Третата опција се однесува на оние кои прележале ковид-19 во изминатите шест месеци и може да достават потврда за прележана болест по лабораториско тестирање со ПЦР или антигенски (брз) тест, а сертификатот се издава 30 дена по првиот позитивен тест и неговата важност е до 180 дена подоцна.

Европскиот дигитален ковид-сертификат е четвртата алтернативна можност за влез во Грција.

Слично

Поврзани вести