Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова се обвинетите за 27 април кои празниците ќе ги поминат во притвор

Ова се обвинетите за 27 април кои празниците ќе ги поминат во притвор

На 23 лица обвинети за насилствата од 27 април им е продолжен притворот од 30 дена, на четири лица им е продолжен домашниот притвор, а на две лица мерката притвор им е заменета со куќен притвор.

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, постапувајќи по предлогот за продолжување на мерката притвор и мерката куќен притвор за 29 лица, а во врска со настаните од Собранието од 27 април, донесе решенија со кои го прифати предлогот на обвинителството.

Советот донесе одлука Владо Јовановски, Игор Дуловски, Богдан Илиевски-Бетмен, заедно со Мумир Пепиќ од Агенцијата за разознавање, Оливер Радулов кој работел како агент во УБК, заедно со Сашо Марковски празниците да ги поминат во притвор. И прилепчанецот Јане Ченто ќе остане во притвор, заедно со Душко Лазаров, кој бил дежурен во оперативниот штаб и Елена Доцевска-Божиновска од кабинетот на поранешниот претседател на Собранието. Зад решетки остануваат и пратениците Љубен Арнаудов, Крсто Муковски и Сашо Василевски.

Куќен притвор добија пратеникот Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска.

Против овие решенија дозволено е право на жалба до Апелациониот суд во рок од 48 часа по приемот на решенијата.

На 23 лица им е продолжен притворот од 30 дена, на четири лица им е продолжен домашниот притвор, а на две лица мерката притвор им е заменета со куќен притвор.

Слично

Поврзани вести