Ова се неправилностите кои ги регистрирал МОСТ
Граѓанската асоцијација МОСТ има неколку забелешки за денот на гласање.
Во Кисела Вода на гласачко место по име биле читани луѓето кои гласале и по нив се викало дека се предавници.
Во Радуша се мешал набљудувач во работа на комисијата по што е повикана полиција.
Во Октиси, Струга избирачкиот одбор ги отстранил набљудувачите со изговор дека немаат соодветна акредитација.
МОСТ дополнително ќе даде детали за излезноста на прес-конференција.
Слично
