Ова се кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за Скопје
Познати дел од кандидатите со кои ВМРО-ДПМНЕ ќе атакува на градоначалничките фотелји во скопските општини.
Високи извори од партијата за Сител потврдуваат дека во овој момент речиси сигурни се кандидатурите за пет општини. Орце Георгиевски ќе биде кандидат на опозицијата за Кисела Вода, Дарко Костовски ќе ја бара довербата од граѓаните во Бутел, а докторот Александар Стојковски ќе истрча во Ѓорче Петров. За општина Гази Баба кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде претседателот на локалниот ОК Бобан Стефковски. За градоначалник на град Скопје се уште во игра се неколку имиња, а се споменува дека најмногу шанси има претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска.
Слично
