Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова се имињата на министрите од ДУИ

Ова се имињата на министрите од ДУИ

Претседателството на Демократската унија за интеграција вечерва одлучи да го предложи Хазби Лика за вицепремиер за политички систем и односи меѓу заедниците, пренесе АлсатМ.

Лика од 2009 година не беше толку активен во партијата и во политичкиот живот. Претходно тој ја извршуваше функцијата градоначалник на Тетово. Во 2003 година беше заменик-министер за внатрешни работи, период кој е познат за вработување во полицијата со партиски книшки.

Портпаролот на партијата, Бујар Османи, е предложен за заменик-премиер за евро-интеграција. Во Министерството за економија ќе дојде Крешник Бектеши, кој функционираше како економски промотор во Брисел.

Во Министерството за правда ќе дојде Булент Салиху, член на  претседателството на ДУИ.

Заменик-претседателот на ДУИ и градоначалник на Липково, Садула Дураку ќе го води Министерството за животна средина.

Слично

Поврзани вести