Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова се двајцата браќа кои станаа први милијардери во биткоин

Ова се двајцата браќа кои станаа први милијардери во биткоин

Близнаците Тајлер и Камерон Винклвос кои go обвинуваа Марк Зукерберг дека ja украл нивната идеја за Фејсбук, се првите биткоин милијардери во светот, соопштува британскиот The Telegraph. 

Во 2013 година, браќата купуваат крипто-валути од 11 милиони долари, стекнувајќи околу 1% од сите биткоини во светот. Оттогаш дигиталната валута скокна речиси 100 пати на 11.395 долари. 

Сеуште не е познато колку точно биткоини поседуваат двајцата браќа, но се претпоставува дека тие надминуваат 100 000. На овој начин, состојбата на Винклвос надминува 1 милијарда долари.

Браќата се категорични дека немаат намера да го продаваат својот имот во криптовалути. 

Уште еден сопственик на биткоини над 1 милијарда долари е основач на криптовалутата, човекот кој се крие зад псевдонимот Сатоши Накамото.

Слично

Поврзани вести