Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова се 5 брилијантни идеи поради кои основачите станале милијардери

Ова се 5 брилијантни идеи поради кои основачите станале милијардери

Иако во просек 9 од 10 стартапови не успеваат, постојат идеи, или подобро речено „генијалци“ кои стојат зад нив на кои им успеало да се збогатат и да го освојат цел свет. Ова според пишувањето на Бизнис инсајдер , се некои од најуспешните милијардери на денешницата:

Google

Лари Пејџ и Сергеј Брин (основачи на Гугл) биле студенти на Станфорд кога им дошла идејата за интернет пребарувач. Гугл до денес остварил повеќе од 66 милијарди долари приходи, а Пејџ и Брин се „тешки“ околу 30 милијарди долари.

Facebook

Приказната за Марк Закерберг добро им е позната на сите - создал социјална мрежа за поврзување на студенти внатре и помеѓу колеџите од што подоцна настанал Фејсбук. „Мрежата на сите мрежи“ денес вреди 250 милијарди долари а богатството на Закерберг се проценува на 35 милијарди долари.

Amazon

Џеф Безос тргнал од Волстрит во 90-тите а веќе тогаш имал идеја за покренување на онлајн продавница со книги. Така настанал Амазон-голема онлајн продавница која денес освен книги нуди се „од игла до локомотива“, а целата компанија е проценета на 200 милијарди долари.

Bloomberg

Мајкл Блумберг го почнал својот пат во 70-тите како брокер, а набрзо сфатил дека компаниите се подготвени да платат дебела цена пари за доверливи бизнис информации. Го покренал “Bloomberg” – компанија која обработува токму такви информации чија годишна заработка се проценува на осум милијарди долари.

Yahoo

Додека биле студенти на Станфорд, Џери Јанг и Дејвид Фило го создале “Jerry and David’s Guide to the World Wide Web” – портал кој бил претходник на денешен Yahoo - моментално еден од најпосетените страни на светот. Yahoo заработил околу 38 милијарди долари, а неговите основачи околу 5 милијарди.

Слично

Поврзани вести