Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ОВА ПРЕРАСНУВА ВО САПУНСКА СЕРИЈА“: Ванковска „жустро“ по помилувањата на осудениците „кој нормален сега ќе се нафати“

„ОВА ПРЕРАСНУВА ВО САПУНСКА СЕРИЈА“: Ванковска „жустро“ по помилувањата на осудениците „кој нормален сега ќе се нафати“

Последното помилување на осуденици од страна на претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова, позади кое стоеја потпишани и членовите на комисијата, предизвика бура од реакции во јавноста. 
Ова резултираше дури и со оставка, колективна од сите членови на комисијата, но критиките кон одлуката која и понатаму бранува, не престануваат. 
Професорката Билјана Ванковска, која важи за истакнат општествен критичар на последните инфорамции рагира со многубројни прашања. 
- Ова прераснува во сапунска серија и да не е трагично би било смешно. Кој кому сега му се лути? Ова е реакција заради јавните прозивки или се скарале со претседателката? 
Нели таа им даде целосна поддршка? Ништо не ми е јасно. Сами донеле одлука, од 100 случаи одбрале 10 и сега колективна оставка!?! Плус претседателката се согласила. Оставка од кои причини не разбравме.

Кој нормален сега ќе се нафати на позиција член на оваа комисија? - напиша професорката Билјана Ванковска. 

Еве ја нејзината објава: 



Слично

Поврзани вести