ОВА ПОЧНУВА НАСКОРО: Ќе има венчавки во „Порта Македонија“
Од 1 јуни ќе има венчавки во „Порта Македонија“.
Управата за водење на матични книги попладнево информираше дека е постигнат меѓуинституционален договор со кој свечената сала во објектот „Порта Македонија“ ќе може да се користи за граѓански венчавки.
„Според договорот, Управата ќе има право да ја користи просторијата во деновите четврток, петок, сабота и недела, во термин од 14:00 до 17:30 часот, за реализација на службени венчавки“, информираа од Управата за водење на матични книги.
Соработката, како што информираа оттаму, почнува од 1 јуни и ќе трае до 31 декември годинава.
„Ова претставува значаен чекор кон унапредување на квалитетот на услугите за граѓаните, овозможувајќи им да го реализираат чинот на венчавање во посебен, достоинствен и незаборавен амбиент – во срцето на Скопје“, се вели во соопштението.
Ќе има можност за продолжување на истото понатаму.