„ОВА НЕ Е ПРИКАЗНА, ТУКУ МОЖНА РАЗВРСКА НА ЦЕЛАТА ЃУРУЛТИЈА ОКОЛУ ГРЕНЛАНД“: Кекеновски со сопствена анализа на ситуацијата
Универзитетскиот професор Јове Кекеновски ја анализира можната завршница околу ситуацијата со Гренланд. Вели дека Данска сепак ќе се согласи да му го предаде Гренланд на САД.
„ГРЕНЛАНД
Ова не е приказна, туку можна разврска на целата ѓурултија околу Гренланд.
• Америка ги црта своите интересни зони и очекува ,,пикираните'' држави да се прилагодат.
• Данска е заглавена меѓу отпор и попуштање, па затоа купува време со нудење бази, дозволи и инвестиции. Едноставно на крајот тивко ќе се повлече со насмевка. дека се договорила со САД и дека никој не е губитник. Загубено е малку достоинство, но важно е дека не се пука и дека Данска формално останува „газда“.
• Европа тивко и нежно зборува и изразува загриженост, но без вистинска моќ да го промени исходот.
• На крајот, САД добиваат посилно воено присуство и поголем пристап до ресурсите на Гренланд. Трамп ликува.
