Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ОВА НЕ Е МОЈАТА ЕВРОПА, И САМИТЕ ШВАЈЦАРЦИ СЕ ЗГРОЗЕНИ ОД СВОЈОТ ПРЕТСТАВНИК“ - професорот Трајко Славески многу се разочара од Евровизија

„ОВА НЕ Е МОЈАТА ЕВРОПА, И САМИТЕ ШВАЈЦАРЦИ СЕ ЗГРОЗЕНИ ОД СВОЈОТ ПРЕТСТАВНИК“ - професорот Трајко Славески многу се разочара од Евровизија

Професорот Трајко Славески, поранешен министер за финансии и претседател на Советот на Град Скопје, на платформата „X“ ја поздрави одлуката што Македонија не учесвтува на Евровизија, потенцирајќи дека тоа не е неговата Европа. 

„Ова не е мојата Европа! Беа вистинска сензација и заслужни победници пред точно 50 години. Подоцна, студирајќи економија, разбрав дека нивната екстравагантна облека, со третман на одбитна ставка во даночните закони, била со намена делумно да ги избегнат екстремно високите даночни стапки во родната им Шведска.

Две години подоцна во 1976 г., децата и ние младите тинејџери од моето маало со месеци ги потпевнувавме слатките ноти на победничката ‚Зачувај ги сите твои бакнежи за мене' во изведба на симпатичните Британци од групата Brotherhood of Men. Како и кај легендарната Аба, повторно два пара млади мажи и жени.

Само погледнете го овогодинешниот победник Немо, претставник на Швајцарија. Утрово читам коментари на Швајцарци кои се згрозени од претставникот на својата земја. Не се горди што се победници и тврдат дека би биле среќни доколку останеа со досега единствената победа на Евровизија, претставувани од прекрасната Cèline Dion.

Што да кажеме за сатанистичките пораки и перверзии кои се чини дека достигнаа кулминација на овогодинешното издание на Евровизија? Било, да не се повтори!“, напиша професорот на својот твитер налог.

„Професоре, ова не е ничија  Евровизија е одамна фрик шоу на кое не треба да му се дава било какво официјално значење, не знам зошто државните телевизии сѐ уште земаат учество. Веројатно се мотивирани само од профитот, колку и да е фрик шоу, народот купува карти и гледа пренос“… - се согласи и професорот Никола Нелоски. 


Слично

Поврзани вести