„ОВА ЛЕТО ГРАНКАТА НЕМА ДА МИ БИДЕ ПОТРЕБНА“: Ангелов за новите возила за гаснење пожари
Денеска беше презентирана првата републичка пожарна составена од 50 возила за гаснење на шумски пожари со која треба да управува Дирекција за заштита и спасување.
Иако станува збор за армиски иполициски возила кои долг период не се користеле, тие се прнаменти и ставени на располагање на Владата и ДЗС, а според надлежните имаат одлични карактеристики и капацитети за справување со пожарите и на тешко достапни терени во земјава.
Оваа информација со јавноста ја сподели и првиот човек на ДЗС, Стојанче Ангелов, кој во шеговит стил потсети на неговите заложби во справување со пожарите изминатата година кога беше директор на Центарот за управување со кризи.
- ОВА ЛЕТО ГРАНКАТА НЕМА ДА МИ БИДЕ ПОТРЕБНА
Благодарение на премиерот Христијан Мицкоски, Владата, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, ова лето гранката нема да ми биде потребна. Владата на располагање има противпожарни ресурси како никогаш претходно, распоредени во различни министерства или други институции.
