Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОВА ЌЕ ВАЖИ И ЗА МАКЕДОНИЈА: ЕУ ќе наплаќа влез за жители од трети земји

ОВА ЌЕ ВАЖИ И ЗА МАКЕДОНИЈА: ЕУ ќе наплаќа влез за жители од трети земји

Од 2023 година, Европската Унија(ЕУ) ќе наплаќа влез за жители од трети земји, а тоа ќе важи и за Македонија. 

Како и најави ЕУ, така вчера беше одложено воведувањето на таканаречениот систем ETIAS, што подразбира дека жителите кои пристигнуваат во ЕУ од трети земји ќе треба да платат седум евра по лице за влез. Оваа дозвола ќе важи три години и со неа ќе може да се посети секоја од 26-те земји членки на Шенген.

Таксата ќе се плаќа преку специјални веб-страници или апликација, а самата процедура би требало да трае до четири недели, пишува „Шенген виза инфо“.

Еквивалентот на американскиот систем ESTA требаше да стапи на сила од мај 2023 година, но неговата примена е одложена за ноември, по што сите посетители на возраст од 18 до 70 години кои пристигнуваат во ЕУ од странство ќе мора да поднесат барање за престој во рамките на Шенген и да го платат. Овој услов ќе важи за сите британски и американски посетители, но и за граѓаните од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина.

Слично

Поврзани вести