Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова го откри градоначалникот: Македонци и Срби должат над 2,5 милиони евра на Ќустендил

Ова го откри градоначалникот: Македонци и Срби должат над 2,5 милиони евра на Ќустендил

Над 5 милиони лева (околу 2,5 милиони евра) изнесуваат долговите кон општинската каса во Ќустендил, кои ги направиле граѓани на Македонија и Србија. Ова го тврди градоначалникот Огњан Атанасов. Тој ова го кажа на седница на Општинскиот совет, предупредувајќи за разработена шема која ја чини државата милиони, пренесуваат бугарските медиуми.

За време на расправата за буџетот за 2025 година, Атанасов појасни дека станува збор за натрупани обврски од граѓани од „трети земји“ надвор од ЕУ, главно од пограничните региони.

Општината Ќустендил алармирала до сите можни инстанци – Гранична полиција, МВР, Министерството за транспорт, па дури имале средба и со заменик-министерот за финансии.

„Објаснивме дека ова е сериозен проблем не само за општината, туку и за државата. Водени се разговори и со Даночната управа (НАП), а предметите се дадени и на извршители, но без резултат. Направивме сè што е можно, но во пракса нема што да им се земе“, констатираше градоначалникот Атанасов.

Овие „фантомски“ должници оставаат зад себе неплатени даноци и такси кои сега паѓаат на товар на општината, која не може да ги наплати бидејќи имотот (камионите) е надвор од државата, а фирмите се празни.

Слично

Поврзани вести