Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ОВА Е ВИСТИНАТА ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ“: вознемирувачки фотографии од пациентите со изгореници од Кочани 'хипербаричната комора се уште не е во употреба'

„ОВА Е ВИСТИНАТА ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ“: вознемирувачки фотографии од пациентите со изгореници од Кочани 'хипербаричната комора се уште не е во употреба'

Дел од повредените во страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани се соочуваат со големи проблеми по враќањето дома, поради недостиг на соодветен третман за нивните изгореници или пак поради недостиг на други потребни елементи. 

На социјалните мрежи организациајта „Супорт Кочани“ (Поддршка Кочани) сподели вознемирувачки фотографии од дел од пациентите за кои, според нивните објави, не можат да бидат третирани во Кочанската болница. 

- Ове е вистината за повредените. Повредените во нашата болница ги пречекале со отворени рани. Медицинските лица немаат каде да ги мијат и третираат раните. Хипербаричната комора се уште не е во употреба - пишува во објавата на организацијата на Инстаграм.

Во нивната објава споделени се вознемирувачки фотографии, и тие предупредуваат на вознемирувачка содржина пред објавата, но како што укажуваат со текстот кој го поставија на Инстаграм, целта на споделувањето на овие вознемирувачи фотографии е да ја покажат сериозноста на повредените и како изгледаат нивните отворени рани.




Организацијата најактивно им помага на сограѓаните од Кочани уште од почетокот на трагедијата која го зафати градот откако во дискотеката на смртта животот го загубија 62 лица.

Нивната објава ја споделија и од Телевизија Стар, од каде укажаа дека според објавата на организацијата „Support Kocani“, пациентите кои се вратиле со отворени рани не можат да бидат третирани во кочанската болница...


Фото: Архива

Слично

Поврзани вести