Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

Професорката Билјана Ванковска, ги анализираше бриселските заклучоци за Западен Балкан. 
„Знаете ли што всушност значи овој став од Бриселските заклучоци за Западен Балкан?

“Усогласувањето со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучително и спроведувањето и извршувањето на рестриктивните мерки на ЕУ и борбата против нивно избегнување, останува силен израз на стратегискиот избор на партнерите. Ги поздравуваме партнерите од Западен Балкан што веќе целосно се усогласени и ги повикуваме оние што сè уште не го сториле тоа да го следат примерот. ЕУ ги поздравува придонесите на партнерите во мисиите и операциите на Заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ. ЕУ продолжува да го поддржува Западен Балкан во справувањето со кибер и со другите хибридни закани, манипулацијата и мешањето на странски информации и натамошното зајакнување на соработката за градење отпорност, вклучително и преку Центарот за кибер капацитети на Западен Балкан и Европскиот штит за демократија.”

Ова е убаво спакуван план за дисциплинирање на државите, но и на поединците, во однос на сѐ што почнува со буквата Р. Значи, поддржување воен ангажман во Украина. Значи, доследно спроведување на санкциите, но и на “рестриктивните мерки”. Овие мерки (изум на Каја) заедно со Демократскиот штит (изумот на Урсула) значат ЦЕНЗУРА, потиснување на секој слободен збор и мисла, под закана да те направат не-личност (замрзнат слобода на движење, банкарски сметки и имот, забрана за работа).

Сфаќа ли некој овде за што станува збор?!?! Треба ли да се нацрта? Па ова е влез во најлош кошмар на тоталитаризам во име на некаква одбрана од закани. А заканата лежи во гласното зборување вистина и Царот е гол! ЕУ нема веќе никаква допирна точка со демократија (ако некогаш ја имала)!“, напиша таа.





Слично

Поврзани вести