Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Ова е тушкабина каде е закачена кофа за со неа да се тушираат војниците“: Насковски со фотографии од касарните за професионалните војници

„Ова е тушкабина каде е закачена кофа за со неа да се тушираат војниците“: Насковски со фотографии од касарните за професионалните војници

Остра реакција објави утрово Александар Насковски, претседател на Независен синдикат на професионални војници СО на социјалните мрежи. 

Насковски посочи дека објавата е поттикната од посетата на министерот за одбрана Владо Мисајловски на касарната „Јане Сандански“ Штип ја промовира „модерната“ инфраструктура во касарните, додека наспроти објавата на министерот тој посочува дека професионалните војници продолжуваат да живеат и работат во руинирани објекти стари 35 години, со катастрофални услови за хигиена и исхрана.  

„Преку неколку дена министерот за одбрана Владо Мисајловски си направи класична ПР кампања при посетата на касаранта Јане Сандански во Штип. Прикажаа како се реновира еден објект од касаранта... 

Ова е класична ПР кампања со нивни новинари, кои се дојдени само да снимаат тоа што им кажува министерот, и иако знаат дека не е така, го пласираат само тоа што им се покажува, дека се реновираат касарните во Македонија, додека состојбата е сосема поразлична. 

Споеделуваме слики од касарните направени од поранешна Југославија. Еве во какви услови живеат професионалните војници, ова се руинирани објекти од минатиот век, каде војниците ја одржуваат хигиената во објекти кои се направени од поранешната ЈНА и се во катастрофална состојба, а цели 35 години не се реновирани и обновени од македонската армија.  

Пред неколку дена министерот за одбрана се пофали за реновирани објекти во касарната "Јане Сандански" во Штип , со цел да се прикаже дека нешто се реновира. 

Оваа негова ПР кампања следува после критиките од синдикатот за катастрофалната ситуација во Армијата со објектите и хигиената, појавата на шуга во касарната во Велес и објавата на синдикатот за стари и нечисти кебиња и перници.  

Оваа кампања од страна на министерот за одбрана е со цел да ја манипулира јавноста за 35 годишната негрижа за објектите во Армијата и негрижата кон припадниците на Армијата кои работат и живеат во тие објекти 24/7 цели 365 дена во годината.  

Со најголем буџет до сега во Армијата , министерот се фали со т.н. модерна инфраструктура , односно обнова на само неколку објекти во касарната "Јане Сандански" Штип, а заборава дека има уште 10 касарни и уште стотина објекти кои треба веднаш да се реновираат, а не само тие објекти каде што престојува старешинскиот кадар.  

Џабе ја замајувате реалноста со вакви објави, кога реалноста е сосема друга. 

Еве како излгедаат просториите каде престојуваат војниците 365 дена во годината. 

Ова е слика од тушкабина каде е закачена кофа за со неа да се тушираат војниците. Зимно време војниците топлат вода на шпорети, а летно време во шишиња на сонце. 

Погледнете ги објектите кои се изградени од поранешната ЈНА и од тогаш не се реновирани,а во нив престојуваат 90 отсто професионални војници, и не е ставена ни една шајка во овие објекти во овие 35 години. 

Погледнете ја хигиената и условите за исхрана во најголемата кујна во најголемата касарна во Македонија , каде што лебарките се шетаат по лебот кој се дели на војниците.  

Ова е реалноста, а не празниот и лажен ПР на министерот за одбрана , кој ја покажува само таа страна која му одговара, затоа НИЕ како синдикат ќе ја покажеме вистинската и реална ситуација во објектите каде што престојуваат професионалните војници - вели Александар Насковски, претседател на Независен синдикат на професионални војници СО. 

Целото негово обраќање може да го видите на овој линк.

Еве дел од фотографиите кој тој ги објави:

  


Слично

Поврзани вести